Смеа и последици: Шегата како навреда
Неодамна, мојот колега Милан Живанович и јас ги здруживме нашите креативни сили за да ја разгледаме чувствителната тема на вербалното насилство во балканските шеги. Во овој проект, ние анализираме како хуморот може да сокрие предрасуди и да ги зајакне стереотипите, истовремено истакнувајќи го неговото подлабоко социјално влијание. Нашата цел е да поттикнеме размислување за тоа каде завршува хуморот и каде започнува штетата.
Во својот текст, Милан темелно ја истражува историјата на хуморот и неговата природа, анализирајќи ја заедничката навика на користење хумор што често се потпира на предрасуди и стереотипи. Тој вклучува и неколку кратки интервјуа со пријатели, кои нудат различни погледи на влијанието на таквиот хумор врз секојдневниот живот и општеството во целина.
Мојот придонес го остварив преку аудио интервју со Ферисан Цупевски, во кое тој искрено ја споделува својата изложеност на болни шеги и навредлив хумор во детството, основани на неговата етничка припадност. Во текот на разговорот, Ферисан ни открива како овие невкусни шеги му оставиле длабоки рани, кои влијаеле на неговото оформување како личност. Со време, тој се соочил со болката, претворајќи ја во можност за личен развој и ослободување од стереотипите, успевајќи да изгради нови вредности за себе.
Во прилог се линковите до целосниот текст на Милан и до моето интервју со Ферисан.
Изработката на оваа приказна е поддржана од Фондацијата Томсон како дел од проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs). Оваа приказна е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.